Арган серум за сува и екстремно сува кожа, 30 ml

1.850 ден

Доставата за производите се врши преку курирска служба и цената изнесува 150-200 денари во зависност од износот на нарачката. Плаќањето за доставата е при прием на производите во готово.

Опис

Арган серумот за сува и екстремно сува кожа има состојки кои 98% се од ОРГАНСКО ПОТЕКЛО. Содржи првенствено органско масло од арган и природен витамин Е кои го смируваат, хранат, хидрираат и длабоко го надоместуваат недостатокот на липиди на кожата. Дури и во студени и ветровити зимски услови, ја ублажува кожата од чувството на затегнатост и непријатност, ја одржува нахранета и здрава, додека долготрајната и редовна употреба го забавува стареењето на кожата и појавата на првите брчки и фини линии.

Состав

Argania spinosa kernel oil, Cinnamomum camphora (Camphor) bark oil, tocopherol, Lavandula hybrida oil, parfum (Fragrance), citral, citronellol, coumarin, geraniol, limonene, linalool.

* состојки од органско потекло

 

100% од состојките се од природно потекло

98% од состојките се од органско производство

Совети за употреба

Се нанесува на лицето и вратот во тенок слој во текот на утринската или вечерната рутина за нега на кожата, по чистењето на лицето. Почекајте неколку минути да се впие и потоа нанесете крема за лице што одговара на вашиот тип кожа. Можете и да додадете неколку капки од серумот во вашиот дневен крем за оптимално да ја нахраните вашата кожа.

Намена

Арган серумот за сува и екстремно сува кожа е наменет за лица со симптоми на непријатна затегнатост, сувост, лупење, пукање и екстремна грубост на кожата. Благодарение на високиот процент на органско масло од арган, го храни и смирува епидермисот, враќајќи го хидролипидниот слој на кожата и подобрувајќи ја нејзината заштитна функција. Има дури 98% состојки од органско потекло со природен витамин Е. Ја ревитализира и обновува кожата со дополнителен ефект против стареење.