За нас
ВАШИОТ ЕКСПЕРТ ЗА ОРГАНСКА ДЕРМОКОЗМЕТИКА БЕЗ СИНТЕТИЧКИ КОНЗЕРВАТИВИ СО НАЈДОБРИ СОСТОЈКИ
Од 2006 година, нашата дерматолошка лабораторија лоцирана во Лот (Окситанија), ја развива органската дерматолошка нега за секој тип на кожа врз база на експертизата која ја имаме во Dermocosm’Ethic Bio.
Dermocosm’Ethic Bio е научен пристап за нега на здрава, зрела или проблематична кожа, заедно со огромното познавање на основната физиологија на кожата и експертизата во истражување и формулација на продуктите. Состојки од природно потекло, органски растителни активни состојки, термална вода богата со сулфур и еко-одговорен пристап во сите фази од производството и животниот циклус на производите.
Со цел да се заштити здравјето и убавината на кожата исто како и нашата планета, Dermocosm’Ethic Bio е посветена на користење само 100% природни состојки и сертифицирани органски формули (во согласност со стандардите Cosmébio и Cosmos.)
ОРГАНСКО И ПРИРОДНО ПОТЕКЛО
Нашите производи и колекции за нега на секој тип на кожа се органски сертифицирани од официјалното тело за сертификација, Qualité France, во согласност со повелбата на COSMEBIO.
Дерматолошките лаборатории Гамарде на тој начин ви гарантираат козметика од природно потекло која содржи растителни состојки од органско земјоделство и почитување на прецизни правила насочени кон заштита на животната средина.
Пионер во оваа област, денес сме ЕДИНСТВЕНА линија на сертифицирана органска дерматолошка нега, која ги надминува стандардите на Cosmebio и Cosmos нудејќи максимум 100% природни производи и без синтетички конзерванси или други контроверзни супстанции.
ЗАЧУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Сортирање на отпадот
- Употреба на рециклирана, реупотребена амбалажа и хартија од одржливо негувани шуми
- Одржување на биодиверзитетот со забрана за користење на суровините чија издржливост не е загарантирана
100% ФРАНЦУСКО ПРОИЗВОДЕНО (ВО ЛОТ, ВО ОКЦИТАНИЈА)
- Нашите производи се развиваат, обработуваат, произведуваат и пакуваат во Франција, во Caillac in the Lot (Occitanie)
- Загарантирана безбедност на формулациите благодарение на контролата на целиот производствен синџир, од суровина до готов производ.