Хидратантен еликсир, 30 ml

2.300 ден

На залиха

Доставата за производите се врши преку курирска служба и цената изнесува 150-200 денари во зависност од износот на нарачката. Плаќањето за доставата е при прием на производите во готово.

Опис

Хидратантниот еликсир за лице е вистински ХИДРАТАНТЕН БУСТЕР. Наменет е за секој тип на кожа, дехидрирана, мрсна, нормална и комбинирана кожа. Ја смирува и хидрира деликатната кожа во текот на денот, враќајќи го сјајот и свежината. 

 

Исклучително лесна, нежна текстура, многу брзо се апсорбира и длабински ја хидрира кожата, обезбедувајќи и ја потребната количина на вода што и е потребна на кожата за да остане еластична, свежа и здрава, со што се забавува стареењето и појавата на брчки и фини линии. 

 

Благодарение на исклучителниот состав, пред сè хијалуронската киселина од природно потекло, обезбедува 56% ПОВЕЌЕ ХИДРАТАЦИЈА ЗА САМО 1 ЧАС ПО АПЛИЦИРАЊЕТО.

Состав

Aqua (Water), Aloe barbadensis leaf extract, caprylic/capric triglyceride, parfum (Fragrance), propanediol, silica, Glycerin, xylitylglucoside, lauryl glucoside, polyglyceryl-2 dipolyhydroxystearate, anhydroxylitol, Corylus avellana (Hazel) seed oil, Gamarde aqua (Gamarde Water), glyceryl caprylate, sodium hyaluronate, tocopherol, xylitol, CI 77007, xanthan gum, citric acid, citronellol, linalool.

* состојки од органско потекло

 

100% од состојките се од природно потекло

21% од состојките се од органско производство

 

ДОКАЖАНА ЕФЕКТИВНОСТ:

** 56% подобрена хидратација еден час по нанесувањето

** Беше спроведено тестирање на производot меѓу 10 жени

Совети за употреба

Хидратантниот еликсир се нанесува по секојдневното утринско или вечерно чистење на лицето и се масира на малку влажна кожа. Пред нанесување на производот, влажноста на кожата може да се постигне и со прскање на термалната вода Гамарде во тенок слој. Откако ќе го нанесете хидрантниот серум за лице, почекајте неколку минути производот да се впие, а потоа нанесете крема што одговара на вашиот тип на кожа, за да го подобрите ефектот на серумот.

Намена

Хидратантниот еликсир е серум од кој секој тип на кожа би можел да има бенефит. Од сува, дехидрирана, до комбинирана и мрсна кожа склона кон акни, без разлика на возраста. Благодарение на својата исклучително лесна, нежна и немрсна текстура на база на вода и хијалуронска киселина од природно потекло, погоден е за длабока хидратација на сите типови на кожа.