Крема за возрасни со заштитен фактор 50, 100 ml

1.900 ден

Доставата за производите се врши преку курирска служба и цената изнесува 150-200 денари во зависност од износот на нарачката. Плаќањето за доставата е при прием на производите во готово.

Опис

Заштитната крема за сончање за возрасни обезбедува заштита од сончевите зраци и е наменета за сите типови на кожа, дури и за најчувствителна кожа. Дерматолошки тестирана. Хипоалергена и некомедогена. Овој производ се базира на 100% минерални филтри, не содржи хемиски филтри, нема конзерванси, бои и мириси. Кремата е полна со органски масла, има течна и транспарентна текстура и не остава бели траги при нанесување.

Состав

Caprylic/capric triglyceride, zinc oxide [nano], dicaprylyl carbonate, Sesamum indicum (Sesame) seed oil*, cocoglycerides, titanium dioxide [nano], Simmondsia chinensis (Jojoba) seed oil*, sorbitan olivate, glyceryl isostearate, cetearyl alcohol, polyhydroxystearic acid, Butyrospermum parkii (Shea) butter*, glyceryl undecylenate, Argania spinosa kernel oil*, tocopherol, hydrogenated castor oil, alumina, stearic acid, cetearyl glucoside. *ingrédient d’origine Biologique

 

*Состојки од органско потекло

100% од состојките се од природно потекло

11% се производи од органско производство

 

  • Сертифицирана биоразградлива формула
  • Минерални/физички филтри за заштита од сончевите зраци
  • Без хемиски филтри
  • Биоразградливо пакување
  • COSMEBIO сертификат
  • Без конзерванси
  • Вегански и не е тестиран на животни
  • Лесно се нанесува и не остава бели траги

Совети за употреба

Протресете ја кремата пред употреба. Нанесете обилно на лицето и телото. Реаплицирајте често, особено откако ќе излезете од вода. 

 

Избегнувајте прекумерно изложување на сонце, особено во периодот помеѓу 12:00 и 16:00 часот. Не обезбедува 100% заштита. Прекумерното изложување на сонце е штетно за здравјето. Поради присуството на цинк оксид во неговиот состав, кој во некои случаи може да ја исуши кожата, нанесете хидратантно млеко за тело по изложувањето на сонце. Лесен за употреба и транспорт благодарение на PE цевката (77% растително потекло).

Намена

Производот е наменет за заштита од сончевите UVA и UVB зраци и е за сите типови кожа.