Опис
Хипоалерген, дерматолошки тестиран производ без мирис и алкохол, специјално дизајниран за секојдневна нега на кожата на децата и бебињата. Се користи уште од првиот ден на раѓање на бебето. Ова благо млеко за обновување на липидите, збогатено со органско маслиново масло, ја штити и смирува кожата, спречува појава на осип на пеленската регија на бебето и длабоко ја негува кожата
Состав
Aqua (Water), Helianthus annuus (Sunflower) seed oil*, pentylene glycol, polyglyceryl-2 dipolyhydroxystearate, Gamarde aqua (Gamarde Water), Olea europaea (Olive) fruit oil*, calcium hydroxide.
*состоки од органско потекло
100% од состојките се од природно потекло
20% од состојките се органско потекло
Совети за употреба
Се нанесува на чиста и сува кожа и не се измива. Неопходно е добро да се протресе пред употреба. Погодно за употреба од првиот ден на раѓањето на бебето. Не го користете на иритирана кожа.
Намена
Линиментот претставува млеко богато со органско маслиново масло кое се користи за нега на бебешката кожа, уште од самото раѓање.
Се препорачува да се земе и на самото пораѓање затоа што е совршено за нега на нежната бебешка кожа, а особено на пеленската регија од урина и првата столица – мекониум.
Линиментот е базиран на органско сончогледово и маслиново масло, како и Гамарде термалната вода кои се особено благодетни за нега на кожата.
Наменет е за нега кожата кај бебињата и децата. Го одржува балансот на липидите на деликатната кожа на бебето, зајакнувајќи ја неговата природна заштитна функција. Благодарение на уникатниот состав базиран на липиди, органско маслиново и органско сончогледово масло, спречува појава на црвенило и иритации дури и на најосетливата кожа.
Линиментот доаѓа во големо пакување од 400ml и можат да го користат сите членови во домот, а особено за:
- чистење на бебешката кожа – се нанесува на памук и со него се пребришува кожата
- нега на бебешката кожа – како млеко за тело
- нега и спречување на осип на пеленска регија
- отстранување на теменица на главата на бебето
- за нега на сува и кожа склона кон егзема и атопичен дерматит кај деца и возрасни
- за жени за вадење шминка